[ВИДЕО] Ким Кардашијан и Луис Хамилтон за првпат заедно во јавноста: Парот уживаше на Супербоул

Точка

09/02/2026

13:31

1.026

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се појавија заедно на Супербоул на „Levi’s Stadium“ во Санта Клара и со тоа потврдија дека се во љубовна врска.

Двајцата беа снимени за време на натпреварот меѓу Њу Ингланд Патриотс и Сиетл Сихокс, а видеото го привлече вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи, кои наведоа дека им е мило што таа ја пронашла среќата по бурниот развод од Канје Вест.

„Прекрасен пар“, „Создадени се еден за друг“, „Изгледаат многу убаво“, „Ким Кардашијан конечно делува среќно“, се дел од коментарите на „X“.

Парот беше снимен и на полувремето на Супербоул за време на настапот на Бед Бани. Тие беа во друштво на Кендал Џенер, Хејли Бибер и Tyler, The Creator.

Музичките ѕвезди беа во прв план на 60-от Супербоул, заедно со Крис Прат и Џон Бон Џови кои ги претставија екипите, серија впечатливи изведби пред натпреварот и долгоочекуваниот настап на Бед Бани на полувремето, кое беше своевидна турнеја низ порториканската култура, а шоуто вклучуваше и вистинска венчавка во живо.


Гласините дека Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се заедно почнаа да се шират овој месец откако извор откри дека поминале романтичен викенд во Велика Британија.

Потоа беа снимени во Париз. Тие беа долгогодишни пријатели, а неодамна меѓу нив се родила љубов, велат извори. Тој бил близок пријател на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест.