Барди постигна атрактивен гол во Купот на Турција

Дерби

06/02/2026

10:33

219

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди постигна атрактивен гол за Коњаспор против Алиага во Купот на Турција.

Домаќините беа немилосрдни и ја оправдаа фавортиската улога со триумф од 5-0, меч во кој Барди беше автор на четвртиот гол.

Се играше 81 минута кога Енис распали од далечина и ја затресе мрежата на гостите. Ова за нашиот ас беше прв погодок во 2026 година и воедно прв од 2 декември која стрелаше против Муспор во истото ова натпреварување.