Има неколку играчи кои се издвојуваат во италијанската Серија А во тековнава сезона, а меѓу нив дефинитивно е офанзивецот на Јувентус, Кенан Јилдиз.
Тој има учинок од 8 гола и 5 асистенции, постојана ја движи играта на „старата дама“ и токму поради тоа го привлече вниманието на доста клубови ширум Европа, но како што стојат работите калчолигашот ќе се одбрани од тие напади и најавите се дека Турчинот ќе потпише нов подобрен договор со сегашниот тим и притоа ќе стане меѓу најплатените играчи.
Меѓутоа тоа не значи дека интересот ќе запре и сигурно и во иднина ќе биде следен со оглед на тоа што има 20 години и допрва се очекува да го покаже најдоброто од себе, а според Еден Азар тој е фудбалер кој може да го види во Реал Мадрид.
- Моите деца се луди по Кенан Јилдиз, гледаат многу видеа од него како игра и се надеваат дека ќе го видат во Премиер лигата. Сепак, мене ми изгледа повеќе како играч од типот на Реал Мадрид, - рече Белгиецот за „Газета дело Спорт“.








