Серхио Агуеро испиша историја за време на десетгодишниот престој во Манчестер Сити и стана убедливо најдобар голтетер во историјата на клубот, но иако на „Итихад“ се задржа точно една деценија, сега открива дека во 2017-та година бил многу блиску до трансфер.
Откако успеа да оствари низа успеси во синиот дрес на Сити, Агуеро почна да се соочува со први проблеми под водство на Пеп Гвардиола, а понудата која ја добил од Челси и Антонио Конте била доволно атрактивна и примамлива за него.
Во искреното обраќање кое го имаше во интервјуто за „Ла Агуснета“, популарниот Кун обелодени дека Сити го стопирал неговиот директен трансфер во премиерлигашки ривал, а тука завршила и неговата единствена шанса да заигра за друг премиерлигашки клуб.
– Во 2017-та година бев на чекор да направам трансфер во Челси. Речиси се беше завршено, но Манчестер Сити го откажа договорот во последен час.
– Конте силно ме посакуваше, сакаше да играм заедно со Азар во нападот. Диего Кошта си заминуваше и се отвори шанса за трансфер кој на крајот не се реализираше, – открива Агуеро.








