Еве како една од најубавите и најдобрите спортистки на сите времиња, повредена, се подготвува за историја на ЗОИ

Точка

06/02/2026

10:46

750

Големина на фонт

а а а

Зимските олимписки игри почнуваат денес, а Италија е подготвена во наредните 16 дена да ги следи најдобрите спортисти во светот во „ледените“ спортови, меѓу кои се издвојува американската скијачка, симбол на овој спорт, 41-годишната Линдзи Вон.

Американката пред само неколку дена доживеа пад на последната трка пред Олимписките игри, а на прес-конференција нешто подоцна откри дека ги скинала предните вкрстени лигаменти.

Сепак, таа не сака да се откаже, иако бројни експерти јавно истапија и одлучно порачаа дека легендарната Американка треба да го прескокне ова натпреварување. Но најголемата ѕвезда на оваа дисциплина воопшто не размислува во таа насока.


Напротив, се појави снимка на која тренира во теретана, а видеото многу брзо се прошири низ светот. Позитивните коментари се редат, а се чини дека по сè што ѝ се случи, Линдзи Вон доби уште повеќе верни следбеници и навивачи.