Иако се врати на тренинзите на Ал Наср, Кристијано Роналдо сепак ќе го продолжи својот бунт кон Јавниот инвестициски фонд во Саудиска Арабија, па планот му е да пропушти и втор меч во низа во саудиската Про лига.
Откако го прескокна мечот со Ал Ријад, на Роналдо планот му е да го бојкотира и дербито против Ал Итихад кое се игра вечерва, а неговото најавено непојавување полека почна да ги разбеснува водечките луѓе на најелитното саудиско натпреварување.
Саудиската Про лига испорача жестоко соопштение како остар напад кон најголемата ѕвезда на Ал Наср, која реши да го бојкотира домашното првенство поради трансферот кој го направи Карим Бензема во Ал Хилал.
Роналдо смета дека Јавниот инвестициски фонд нееднакво ги раководи двата саудиски великани кои ги има во своја посед, Ал Наср и Ал Хилал, а поради тоа што верува дека предност му се дава на лидерот на табелата, се одлучи за потег кој сигурно не би го повлекол во елитен и голем клуб во Европа.
– Саудиската професионална лига е структурирана околу едноставен принцип: Секој клуб работи независно според истите правила. Клубовите имаат свои одбори на директори, свои раководители и свои фудбалски менаџменти. Одлуките во врска со регрутирањето, трошењето и стратегијата се нивни, во рамките на финансиска рамка дизајнирана да обезбеди одржливост и конкурентска рамнотежа. Оваа рамка се применува подеднакво низ целата лига.
– Кристијано е целосно посветен на Ал Наср од неговото доаѓање и одигра клучна улога во растот и амбицијата на клубот. Како и секој елитен играч, тој сака да победува. Сепак, ниту еден поединец, колку и да е важен, не донесува одлуки надвор од својот клуб и не е поголем од клубот. Неодамнешните потписи јасно ја покажуваат таа независност. Еден клуб се зајакна на одреден начин. Друг се одлучи за поинаков пристап. Тоа беа клупски одлуки, донесени во рамките на одобрените финансиски параметри.
– Конкурентноста на лигата зборува сама за себе. Со само неколку бода што ги делат првите четири, трката за титулата е широко отворена. Тоа ниво на еднаквост одразува систем што работи како што е предвидено. Фокусот е во фудбалот, на теренот, каде што треба да биде, и во одржувањето на кредибилно и конкурентно натпреварување за играчите и навивачите, – гласи соопштението кое му е посветено на Роналдо.












