[ФОТО] Александра Јанева пред најголемата улога во животот: „Не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера“

Точка

03/02/2026

09:43

551

Големина на фонт

а а а

Девојката која без сомнеж плени каде и да се појави, како со својот глас така и со својот изглед – Александра Јанева, сподели радосни вести со своите пријатели и фанови.

Преку искрена и емотивна порака на социјалните мрежи, пејачката Александра Јанева откри дека се подготвува за најважната улога во животот – мајка.

Фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи едноставно оставаат без здив, раѓање на нов живот отсликан преку природните убавини на Козјак – Јанева позира со својот сопруг Иван, а среќата им се гледа во нивните очи.



„Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка“, напиша Александра под објавените фотографии, а под нив доби многубројни честитки од пријателите.


Пејачката очигледно влегува во една од најнежните и најзначајни фази од животот – родителството.

Тимот на „Точка“ им честита и посакува долг заеднички живот со многу љубов и незаборавни моменти!