[ВИДЕО] Ангелска убавина со уште поангелски глас: 19-годишната Ања ги расплака присутните со моќната изведба на хитот на Калиопи

Точка

02/02/2026

15:17

1.644

Големина на фонт

а а а

Ања Табак е 19-годишна кандидатка која неодамна се претстави на грандиозната сцена на „Пинкови ѕвезди“, и тоа со песната „Што те нема“ од Јадранка Стојаковиќ, а нејзина менторка е Јелена Карлеуша.

Особено силен впечаток остави изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи — моќна, драматична и вокално исклучително тешка композиција, со која пејачката своевремено ја претстави Македонија на „Евровизија“.

Со сигурна интерпретација и јасна емоционална линија, Ања успеа да ја долови тежината и силата на песната, покажувајќи вокална зрелост, контрола и сценска самоувереност.

„Колку ова беше добро, јас немам зборови, ти мене ме расплака“, рече Јелена.


„Многу убаво, многу емотивно, ја пренесе емоцијата на нас, а сега како што заврши, ти падна товарот и потекоа солзите. Искрено пееше, имаше убави моменти, тоа го направи на еден суптилен и нежен начин“, ѝ порача Вики Миљковиќ, која е дел од жирито на шоуто.

„Ања, ти толку многу напредуваше, дојде да бидеш дама, а во првиот круг влезе како девојче, сега си отмена дама, тоа многу ми се допадна“, кажа Зорица Брунцлик, а Десингерица додаде: „Јас ништо не би коментирал, навистина беше лудило. Јас тебе не те паметам од порано. Ова сигурно ќе го запомнам, баш добро“.