[ВИДЕО] Ким Кардашијан и Луис Хамилтон „уловени“ во Париз откако беше објавено дека се во љубовна врска

Точка

03/02/2026

18:11

473

Големина на фонт

а а а

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, беа „уловени“ во Париз откако се проширија гласините дека се во врска.

На видеото кое го објави „ТМЗ“ се гледа како двајцата излегуваат од автомобилот и се упатуваат кон влезот на хотелот „Бристол“. Во Париз пристигнаа со приватен авион од Велика Британија.

Но, тие сè уште не проговорија за веста дека се заедно. Ким ја промовираше соработката помеѓу нејзиниот бренд „СКИМС“ и „Најк“ во Франција.

Хамилтон беше близок пријател на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест, има добри односи и со нејзиното семејство, особено со нејзината мајка Крис Џенер.

Двојката го помина изминатиот викенд во луксузниот хотел „Естел Манор“ во Котсволдс, Велика Британија. Тие се обидоа да ја одржат приватноста, а извор за „Сан“ изјави: „Тие резервираа масажа за парови и ги имаа сите погодности само за нив двајца. Вечераа во посебна соба за да нема други гости наоколу.“

Сепак, еден посетител ги забележа додека го напуштаа хотелот и се упатуваа кон аеродромот, по што заминаа за Франција.