[ФОТО] Бразилка ја продава својата пот! Едно шишенце чини 240 евра: „Ми нудат и поголеми суми за пот од парадата“

Точка

28/01/2026

16:21

842

Големина на фонт

а а а

Карол Росалин, 29-годишна манекенка и фитнес-инфлуенсерка од Бразил, започнала необичен бизнис со продажба на шишенца со сопствената пот на мажи преку интернет. Приходот од продажбата го користи за финансирање на својата улога на познатиот бразилски карневал …

Бразилската манекенка, која „Playboy“ еднаш ја прогласил за „совршена“ жена, доживеала нагло зголемување на продажбата откако добила клучна улога на карневалот.

Откако била прогласена за кралица на тапаните за школата на самба "Academicos do Tatuape", Карол била преплавена со нарачки од купувачи кои сакале да дојдат до нејзината пот.


Интересот за нејзината пот, како што вели таа, почнал да расте кога на „Instagram“ почнала да споделува фотографии од своето тело облеано со пот по напорни тренинзи. Барањата значително се зголемиле откако нејзината улога на карневалот станала јавна, а купувачите особено ја барале потта од пробите за самба поради интензивниот физички напор што тие го бараат.

Според Карол, поединечните шишенца се продавале за износи до околу 240 евра, а таа потврдила дека дел од приходот го искористила за покривање на трошоците поврзани со карневалот, вклучително и костимот за поворката во 2026 година.


„Почна речиси како шега. Ги објавував моите тренинзи, целосно исцрпена и покриена со пот, а луѓето почнаа да ме прашуваат дали навистина би ја продала – изјави таа.

„На почетокот се смеев, но потоа сфатив дека постои вистински интерес и решив тоа правилно да го организирам“, додаде Карол.


Подоцна добила и значително повисока понуда поврзана со денот на самата официјална поворка, но решила да ја одбие.

„По моето деби, добив многу висока понуда да ја продадам потта од денот на самата парада. Не ја прифатив. Тој ден беше многу посебен за мене и за школата на самба, па повеќе сакав да го задржам како нешто лично – објасни таа.


Школата на самба "Academicos do Tatuape" треба да настапи на "Sambadrom Anhembi" во Сао Пауло на 13 февруари. Карневалот во Сао Пауло е една од најголемите карневалски прослави во Бразил, а по големина и структура веднаш е зад оној во Рио де Жанеиро.

Карол, која на „Instagram“ има повеќе од два милиони следбеници, вели дека нејзиниот моментален фокус е на дисциплината и целосната подготовка за карневалот, пренесе „Daily Star“.


Само неколку месеци претходно, инфлуенсерката завршила во болница откако во Аргентина позирала во бикини на снег за фотографии за социјалните мрежи.

Карол тогаш објаснила дека по фотографирањето го изгубила чувството во задникот, поради што лекарите морале да ѝ пружат помош. По лекувањето, на социјалните мрежи објавила дека целосно закрепнала.