[ВИДЕО/ФОТО] Ваква ламба имаше речиси секој дом во Југославија, а денес вреди богатство: Ако сè уште ја чувате, можете да заработите и до 5000 евра

Точка

22/01/2026

18:00

1.309

Големина на фонт

а а а

Многу работи со етикетата „made in Yugoslavia“ уживаа планетарна популарност, докажувајќи дека поранешната држава беше вистински расадник на врвни производи од светска класа и квалитет.

Така, своевремено, до сите меридијани допре и светлината што ја емитуваа прочуените ламби „Meblo Guzzini“. Бидејќи, на брановите на носталгијата, естетиката на седумдесеттите и осумдесеттите се врати во домашната мода, уметност и дизајн, проверете ги таваните и подрумите, бидејќи ова ретро парче денес вреди вистинско мало богатство.


Оригиналните предмети од златната ера на југословенскиот индустриски дизајн денес се многу барани на странските аукциски платформи и страсните колекционери од целиот свет не жалат пари за нив, а на овие простори многумина ги сметаат – за стар отпад. Меѓу заборавените предмети што „дремат“ по таваните, со децении собирајќи прашина и чекајќи да го завршат својот век на депонија, можеби се наоѓа и ламба која некогаш можеше да се види и во „обични“ социјалистички станови, и во луксузни куќи.


Ламбите и лустерите „Meblo Guzzini“ настанале како плод на успешна соработка меѓу југословенското претпријатие „Meblo“ од Нова Горица и италијанскиот дизајнерски гигант „Harvey Guzzini“, кој во шеесеттите и седумдесеттите години беше меѓу водечките имиња во областа на модерното осветлување и мебел. Оваа колаборација беше дел од стратегијата за модернизација на домашното производство и негово вклучување во европските текови на дизајнот, а резултатите беа запрепастувачки.


„Meblo“ работеше според нацртите на „Guzzini“, користејќи квалитетни материјали како акрил, хром, метал и карактеристичната опална пластика во нежни тонови на портокалова, бела и кафеава боја.

Ламбите и лустерите се препознатливи по футуристичките форми, заоблените линии и „space age“ естетиката, која се враќа на голема врата. Можевте да ги видите во дневни соби, но и во канцеларии, хотели, филмови... Денес важат за симбол на една епоха која згасна заедно со некогашната држава, но и понатаму живее во колективното сеќавање на подобро минато.


Кога ќе најдете време, тргнете во авантура на таванот – можеби токму вие сте меѓу среќниците кои наследиле ваква ламба. Исчистете ја и проценете колку би можела да чини. Авторката на едно видео на Инстаграм успеала да дојде до својот примерок за 250 евра, но многу од нив вредат и десет пати повеќе, дури и дваесет.


Ерата „space age“, која започна во 1957 година со лансирањето на сателитот Спутник, се врати во иднината, а со неа и интересот за овие колекционерски скапоцености кои можете да ги задржите како оригинален украс на ентериерот ако сте љубител на ретро стилот, или пак да ги продадете по астрономска цена, кога веќе го спомнуваме космосот...