Станува збор за вистинска егзотика наменета за возачи кои сакаат нешто сосема поинакво.
Холандскиот производител „Donkervoort“ го претстави својот најекстремен модел досега – P24 RS, ултралесен спортски автомобил кој користи V6 мотор познат од „Ford“ GT.
Автомобилот го добил името по едно бебе, а станува збор за вистинска егзотика наменета за возачи кои сакаат нешто сосема поинакво.
„Donkervoort“ веќе речиси 50 години произведува мали, исклучително лесни и екстремно брзи автомобили, а P24 RS е круна на тој пристап.

Новиот модел има погон на задните тркала и класичен петстепен мануелен менувач.
Под долгата предна хауба се наоѓа 3,5-литарски V6 битурбо мотор со максимални 600 коњски сили и 800 Nm вртежен момент.
Моќноста може да се прилагодува на 400, 500 или 600 коњски сили, во зависност од желбите на возачот.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 2,5 секунди, додека до 200 км/ч стигнува за околу 7,3 секунди. Масата на возилото е помала од 780 килограми, што гарантира импресивен однос меѓу моќноста и тежината.
Моторот е базиран на V6 агрегатот на „Ford“ од моделите "GT" и "Raptor", но со специјално развиени турбополначи, со цел да се постигне моментална реакција на гас и да се елиминира „турбо-дупката“.
Со овој потег, „Donkervoort“ се откажа од претходно користените петцилиндрични мотори на „Audi“, на барање на купувачите кои не сакале „недостаток на цилиндри“.

Каросеријата и аеродинамичните додатоци речиси целосно се изработени од јаглеродни влакна.
Аеродинамичните елементи можат да се отстранат, па "P24 RS" може да се приспособи за возење на патека или на пат.
И покрај екстремниот карактер, автомобилот е прилично функционален за секојдневна употреба: има багажник со капацитет од околу 250 литри, а кабината е доволно пространа дури и за многу високи возачи.

Наместо класичен мултимедијален систем, тука има дигитална инструмент-табла и вграден GPS-мерач на кругови за возење на патека.
Планираното производство е ограничено на само 150 примероци, а повеќе од една третина веќе се резервирани.
Почетната цена изнесува 298.500 евра, без даноци и дополнителна опрема.


















