Отказното решение на Рубен Аморим значеше само едно во раната фаза на 2026-та година, а тоа е дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов привремен менаџер до крајот на сезоната.
Првите два натпревари по заминувањето на Португалецот улогата на тренер ја имаше Дарен Флечер, но клубот брзо започна лицитација за тоа кој треба да биде изборот до крајот на сезоната, а на крајот одлуката падна на Мајкл Карик.
Во борба за толку посакуваното место беа две легенди на клубот, но актуелните раководни структури решија да му дадат предност на Мајкл Карик пред Оле Гунар Солскјер.
Во етапата на Оле како предводник на тимот, токму Карик му беше помошник на Норвежанецот, а сега самиот Мајкл откри дека откако ја добил работата, му пристигнал повик од пријателот.
– Разговарав со Оле Гунар Солскјер, имаме навистина близок однос со него. Минавме многу заедно на клупата, па тој целосно не поддржува во тоа што следи.
– Тој е човек кон кој имам неизмерна почит. Ни посака се најдобро и беше среќен што остваривме позитивен резултат на дербито со Сити. Јас не сум некој кој бара совети од другите, не сакам да ги вознемирувам луѓето, но знам дека секогаш можам да му се јавам на Оле ако ми е потребен, – изјави Карик.








