[ВИДЕО] Мангупскиот пенал на Мбапе носи специјална посвета: Ова е за тебе

Дерби

25/01/2026

09:17

1.434

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид заслужено дојде до водство на „Ла Керамика“ против Вилјареал и поведе со 0:1 по еден карамбол во кој најснаодлив беше Килијан Мбапе, а откако домашниот тим не искористи две стопроцентни шанси за израмнување, следеше казна на спротивната страна.

Гостинскиот тим добри пенал во самата завршница откако Мбапе се избори за најстрога казна, а токму Французинот ја презема одговорноста да го изведува ударот од 11 метри.

Главниот пеналџија на Реал во манир на врвен стрелец се реши за мангупски потег, односно режираше „паненка“ мајсторија во судиското продолжение за конечни 0:2.

Реал со оваа победа за момент изби на првото место на табелата, а Мбапе реши шмекерската реализација да му ја посвети на својот соиграч, Брахим Дијаз.

– Ова е за тебе, ова оди за тебе, – му порача Мбапе на Брахим кој минатата недела беше голем трагичар во големото финале на Африканскиот куп на нации, натпревар на кој не реализираше клучен пенал токму со „паненка“ удар.