[ВИДЕО] Џеко погоди на дебито за Шалке и влезе во историјата на германскиот фудбал

Дерби

25/01/2026

17:03

206

Големина на фонт

а а а

Шалке 04 останува лидер на табелата во втората германска Бундеслига и по 19-та комплетирана рунда, но тимот од Гелзенкирхен и трето коло по ред остана без победа.

Лидерот во втората лига се спасуваше од пораз на денешниот натпревар против Кајзерслаутерн, а клучна улога во кам-бекот на тимот одигра Един Џеко.

Ветеранот кој пред само неколку дена стави потпис со великанот до крајот на сезоната, ова попладне доби шанса во вториот дел, а брзо се запиша и во листата на стрелците.

Џеко се избори за позиција во свој препознатлив стил и намали на 1:2, а до крајот Шалке се избори за реми и освои бод (2:2).

Босанецот успеа да погоди на дебито во Шалке 04 и експресно влезе во историјата на втората германска Бундеслига, бидејќи стана вториот највозарсен играч кој стрелал на првиот меч со свои 39 години и 314 денови.