Барселона и ПСЖ си подадоа рака за трансфер на Фернандез, Каталонците ќе инкасираат повеќе од планираното

Дерби

25/01/2026

16:03

177

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик им даде навистина доста шанси на млади фудбалери од првиот ден кога ја презема Барселона, но еден остана незадоволен од минутажата во последно време, па побара трансфер уште во јануарскиот преоден рок.

Дро Фернандез тренира со првиот тим и повремено добиваше шанси, меѓутоа талентираниот играч за врска сфати дека не може да се натпреварува со актуелната конкуренција, поради што побара трансфер во ПСЖ.

Луис Енрике ја искористи добрата конекција во Шпанија за да „украде“ голем талент на Барселона, а после неколку дневни тензични преговори, истите денеска биле приведени до крај.

Барселона како клуб жестоко се налутила кога Дро Фернандез ги информирал челниците дека е подготвен да ја исплати клаузулата од 6 милиони евра за да биде слободен играч, но наместо да се случи такво нешто, ПСЖ решил да договори трансфер според кој нема да се активира откупната клаузула.

Европскиот шампион решил да ги забрза преговорите и да ги реши сите разлики, па за сума од 8,5 милиони евра ќе го добие 18-годишниот фудбалер кој денеска или утре треба да отпатува за Париз.

Оваа ексклузива прв ја пренесе „Радио Монте Карло“, но пристигна потврда и од „Марка“ како веродостоен шпански извор.