[ФОТО] Холивудската актерка повторно заљубена: Дакота Џонсон во врска со 8 години помладиот музичар?

Точка

25/01/2026

12:21

996

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон пред шест месеци ја раскина свршувачката и долгогодишната врска со фронтменот на групата „Coldplay“, Крис Мартин.

Иако ниту едниот ниту другиот јавно не се огласија за раскинувањето, изгледа дека до прекин на врската дошло поради различни планови за иднината и зафатениот распоред.


„Навистина се трудеа да ги решат своите проблеми, но разликата во годините често беше проблем. Таа исто така изрази дека можеби би сакала деца во иднина, додека Крис некако завршил со тој дел од својот живот“, изјавил тогаш извор за американските медиуми.

Младата актерка била скршена по раскинувањето, но изгледа дека решила да продолжи понатаму и да започне нова врска.

Таа неодамна била забележана со музичарот со уметничко име „Role Model“ на вечера со пријатели во едно популарно место во Лос Анџелес, а биле фотографирани како се насмевнуваат еден на друг додека излегувале од ресторанот.

Дакота носела црна маица со тантела без ракави, црни панталони, чанта со принт на гепард и црн тренч-мантил.

Од друга страна, музичарот носел темносив плетен џемпер, црни фармерки и црн шал.


Актерката и музичарот за првпат ги поттикнале гласините за врска во декември 2025 година, кога биле фотографирани како уживаат на интимна вечера со пријатели.

Според фотографиите што ТМЗ тогаш ги доби, тие биле видени како се гушкаат во сепаре, а извор од нивниот близок круг изјави дека парот „многу се зближил“.

И минатата недела биле забележани на уште еден „дејт“, при што биле фотографирани како влегуваат во познатиот локал „Marvin“ на Беверли Хилс.