За долг живот постои време кое е идеално за вечера, тоа е заедничко за луѓето кои доживеале 100 години - тврди експерт за долговечност

Точка

24/01/2026

13:07

1.841

Големина на фонт

а а а

Врвниот експерт за долговечност, Ден Батнер, истакнува една храна за која тврди дека е камен-темелник на долгиот живот.

Американците вечераат рано, Италијанците и Македонците доцна, Шпанците дури и подоцна. Во Британија, на таа тема се додава и класна димензија. Колку подоцна вечерате, толку сте наводно поелегантни. Раната вечера ја остава вечерта слободна за разни активности, додека доцната вечера може да биде посебен настан сама по себе.

Дали постои идеално време за вечера од здравствен аспект?

Делумно постои. Она што е дефинитивно важно, вели Валтер Лонго, директор на Институтот за долговечност на Универзитетот во Јужна Калифорнија, за „G-Q“, е да завршите со јадење најмалку три часа пред да планирате да заспиете. Ако, на пример, обично си легнувате на полноќ, крајниот рок за вечера би бил околу 21 часот.


Причината е што јадењето доцна може да го наруши циркадијалниот ритам што го регулира преминот на телото од ден во ноќ и обратно. Ако ја поместите вечерата сè подоцна, пораката што му ја испраќате на телото е дека сè уште треба да биде активно, објаснува Лонго. Тоа може негативно да влијае на квалитетот на спиењето, слично на изложеноста на силна светлина пред спиење, но и на ефикасноста на согорувањето калории.

Времето за вечера, исто така, влијае на тоа колку долго не јадете помеѓу последниот оброк и првиот оброк следниот ден. Тоа е суштината на таканареченото временски ограничено јадење, форма на повремен пост што вклучува јадење на сите дневни оброци во рок од дванаесет часа или помалку, објаснува Адам Колинс, вонреден професор по исхрана на Универзитетот во Сари.

Ако го продолжите ноќниот период без храна помеѓу вечерата и појадокот, му дозволувате на телото да влезе во фаза каде што почнува да согорува масти. На овој начин, го тренирате организмот да го прави она за што е природно. Да согорува јаглехидрати кога ги јадете, а масти кога не јадете. Тоа може да помогне во губењето на тежината и генерално е корисно за метаболичкото здравје.

Дали ова значи дека е подобро појадокот да се помести подоцна или вечерата порано? Преовладувачкото мислење е дека поголема корист се постигнува со ограничување на внесот на калории на пораниот дел од денот, вели Колинс. Исто така, има смисла од гледна точка на циркадијалниот ритам, бидејќи тогаш телото е најподготвено да се справи со храната, во раниот дел од активната фаза од денот.


Најчестата вечерна навика на луѓето кои доживеале сто години

Најчестата вечерна навика на долговечните стогодишници, вели Лонго, е да јадат лесна вечера доволно рано за да остават околу дванаесет часа до појадокот следниот ден. Помал внес на храна навечер изгледа здраво и ако се потпреме на старата поговорка која ни советува да појадуваме како кралеви, ручаме како принцови и вечераме како сиромаси.

Сепак, ова не е секогаш реално. Прилично е тешко да се јаде голем појадок затоа што едноставно немате апетит, вели Колинс. Делумно затоа што телото почнува да ослободува гликоза во крвта кога ќе се разбудите, поради што нивото на енергија е веќе покачено. И со оглед на тоа што повеќето луѓе јадат само сендвич за ручек, додека работните мензи со готвени оброци речиси исчезнаа, неизбежно е поголемиот дел од калориите да ги консумираме навечер.


Затоа не треба да се стресирате, додава тој. Тоа е во ред сè додека му дадете на вашето тело период на одмор со појадок со ниска содржина на јаглехидрати следниот ден. Клучот е да обрнете внимание на вашиот целокупен начин на исхрана.