Гвардиола лут на судијата дебитант: Првпат гледам вакво нешто

Дерби

25/01/2026

10:34

219

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити вчера оствари победа над Волвс и ја прекина негативната серија од претходните средби, но менаџерот Пеп Гвардиола бил лут на главниот судија Фараи Халам.

Халам првпат судеше натпревар во Премиер лигата и направи храбар потег откако реши да ја игнорира сугестијата на ВАР собата за ситуацијата во која Јерсон Москера играше со рака во својот шеснаесетник.

Главниот судија доби повик да ја прегледа снимката, а откако го направи тоа, реши да ја задржи првичната одлука, потег кој ретко може да се види во современиот фудбал. Навивачите го величеа судијата поради фактот што застанал зад својата проценка и му се спротивставил на ВАР судијата Дарен Ингланд, но Гвардиола има поинаков став.

– Победивме и покрај негативното влијание на судијата. Имаше фантастично деби и сега сите ќе го знаат.

– Мислам дека првпат се случи некој да биде повикан да го гледа видеото и да одлучи дека тоа е природна позиција на раката. Сигурен сум дека сега Хауард Веб ќе излезе на телевизија и ќе објаснува како тоа не било пенал, исто како што објасни зошто стартот на Далот над Доку не беше за црвен картон, а Доку поради истиот не можеше да игра против Бодо, – рекол Гвардиола.