Карлос Алкарас имаше посериозна задача против Томи Пол, но успеа да го победи американскиот ривал без загубен сет.
Шпанецот остана на теренот во Мелбурн речиси три часа, но со 3:0 го завери пласманот во четвртфиналето и ќе го очекува следниот противник за најдобар пласман на овој грен-слем турнир.
Пол успеа да обезбеди тај-брејк во првиот сет, но Алкарас беше поуспешен и стигна до посакуваното водство, а следните два сета ги доби со по еден брејк, кој беше доволен за 6:4 и 7:5 и победа во осминафиналето.
Пласман во следната рунда обезбеди и Александер Зверев, кој утринава го победи Черундоло со 3:0 во сетови.
Во четвртфиналето Алкарас ќе игра против победникот од дуелот меѓу Де Минор и Бублик, додека противник на Зверев ќе биде подобриот од соочувањето на Медведев и Тиен.








