[ВИДЕО] Дончиќ инспиратор на пресвртот на Лејкерс на гостувањето во Далас

Дерби

25/01/2026

10:33

165

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ не пропушти да ја искористи посебната мотивација од враќањето во Далас за да го предводи својот тим до победа (110:116) на гостувањето во Тексас.

Лос Анџелес Лејкерс првично испушти сериозна предност, па Далас беше тимот кој имаше плус петнаесет, но Лејкерс издоминираа во завршните минути од последниот период и им нанесоа пораз на избраниците на Џејсон Кид.

Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 асистенции и 8 скокови, а овојпат ги импресионираше фановите на Лејкерс и со играта во одбрана, при што изнуди и клучен прекршок во напад од Наџи Маршал на 41 секунда до крајот на натпреварот.

Во завршниот период сериозно важен ефект имаа и ЛеБрон Џејмс и Руи Хачимура, двајца играчи со по 11, односно 7 поени во последната етапа од мечот, а Лејкерс го завршија дуелот со серија 29:8.

Кристи со 24 и Маршал со 21 поен беа најефикасни во редовите на Далас.