Новак Ѓоковиќ доби индиректен подарок од најавениот ривал во осминафиналето на Аустралијан Опен и ќе се пласира во следната рунда без да се појави на теренот во Мелбурн.
Српскиот тенисер требаше да се соочи со чешкиот ривал Јакуб Меншик, но утринава тој објавил дека се повлекува од турнирот поради повреда.
– Откако направив сè што е можно за да продолжам понатаму, бев принуден да се повлечам од турнирот поради повреда на стомачниот мускул, која се влоши на последните настапи.
– Иако сум многу разочаран, пласманот во четвртото коло првпат во мојата кариера е нешто што ќе го паметам долго време. Почувствував силна енергија од навивачите, а атмосферата во Мелбурн беше навистина посебна, – напишал Меншик на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ ќе добие дополнително време за одмор и рехабилитација во пресрет на следната рунда, во која ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Музети и Фриц.








