Додека Сидни Свини наводно се подготвува за улога на Онлифенс модел во претстојната сезона на серијата „Еуфорија“ (Euphoria), нејзините обожаватели откриле уште една нејзина смела улога од минатото.
Станува збор за еротскиот трилер „The Voyeurs“ од 2021 година, снимен за „Amazon Prime Video“, кој често се споменува како еден од нејзините најсмели проекти досега.
За што се работи во филмот?
Филмот е делумно инспириран од класикот на Хичкок „Прозорец во дворот“ (Rear Window) и следи млад пар што штотуку се вселил во нов стан. Ликовите ги толкуваат Сидни Свини и Џастис Смит, а нивното секојдневие набргу се претвора во опсесија – почнуваат да ги набљудуваат своите соседи, кои не се трудат премногу да го скријат сопствениот интимен живот.
Она што на почетокот изгледа како „невина“ љубопитност, брзо станува опасен воајеризам, а границите меѓу набљудувачите и набљудуваните почнуваат да се бришат. Животите на двата пара со текот на времето се испреплетуваат, а приказната завршува во насока што многу гледачи ги остава запрепастени.
Експлицитни сцени
Во филмот 28-годишната актерка се појавува во неколку поексплицитни сцени, вклучувајќи кадри во топлес и една поотворена еротска сцена, поради што филмот брзо стекнал репутација на наслов што „не се плаши да оди до крај“.
Иако филмот не брилирал кај критичарите, со текот на времето си нашол своја публика.

Социјалните мрежи повторно го „извадиле од фиока“
Филмот неодамна повторно станал тема на социјалните мрежи, откако еден популарен филмски профил на Икс објавил дека „пресвртот во приказната беше чиста десетка“.
Во коментарите се редеа реакции од гледачи кои филмот го опишуваат како наслов што почнува како еротски „мамец“, а потоа се претвора во трилер кој во завршницата сериозно „удира по нерви“.
Нејзината нова улога
Иако „The Voyeurs“ не станал голем блокбастер, Свини очигледно продолжила да се зацврстува токму во тој жанр – се појавила во филмот „The Housemaid“ заедно со Аманда Сејфрид, кој по премиерата станал голем кино-хит и наводно заработил повеќе од 200 милиони долари на глобално ниво.
Веќе се подготвува и продолжението со наслов „The Housemaid's Secret“, засновано на втората книга од серијалот на Фрида Мекфаден. Потврдено е дека се враќаат Сидни Свини и Микеле Мороне, додека враќањето на Сејфрид засега не е официјално потврдено. Критичарите го опишале филмот како враќање на „старата школа“ на трилери, налик на напнатите хитови од 80-тите и 90-тите.
Еуфорија и Онлифенс – поделени реакции
Во претстојната трета сезона на HBO-серијата „Еуфорија“, ликот на Сидни Свини, Кеси, наводно ќе работи како Онлифенс модел. Овој заплет предизвикал поделени реакции кај обожавателите, од кои некои изразиле незадоволство поради, како што велат, „прекумерната сексуализација“ на женските ликови.


Еден гледач напишал: „Имам чувство дека оваа серија се сведува само на тоа Зендаја да се дрогира и Сидни да е гола. Приближно тоа е тоа, искрено.“ Друг додал: „Сидни Свини мора да се ослободи од намерната објективизација.“ Трет коментирал: „Штотуку излезе трејлерот за 3-та сезона на ’Еуфорија‘ и, се разбира, Сидни Свини е на Онлифенс. Смачено ми е од неа“.
Од друга страна, некои обожаватели сметаат дека влегувањето на Кеси во индустријата за возрасни е „генијален“ маркетиншки потег. „ЛОЛ, ’Еуфорија‘ одеднаш ќе добие нова машка публика од никаде“, се пошегувал еден корисник. Друг коментирал: „Гледаноста на третата сезона на ’Еуфорија‘ бележи огромен скок во пресрет на премиерата на сезоната“.













