[ВИДЕО] Снаата на Трамп снимила спот со египетски пејач, нејзиниот танц стана хит на социјалните мрежи: „Се молев да е вештачка интелигенција“

Точка

20/01/2026

14:53

1.097

Големина на фонт

а а а

Лара Трамп, снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика лавина реакции поради својот танц.

Имено таа го снимила својот нов музички спот, во кој ѝ се придружил и египетскиот актер и пејач Мохамед Рамадан.

Нивната соработка е дел од конзервативната музичка иницијатива „Make Music Right“, со која претседателот Трамп сака да промовира „традиционални вредности“. „Make Music Right“ е национална, непрофитна образовна корпорација насочена кон просветлување на Американците за улогата на музиката во обликувањето на перспективите и промовирање музичка култура што ги поддржува традиционалните вредности и го издигнува американското општество“, пишува на веб-страницата на иницијативата.

Лара и Мохамед во рамки на иницијативата ја снимиле песната „Sah-Sah“, која треба да излезе на 23 јануари, а во последно време работат и на спотот. Рамадан споделил неколку моменти од снимањето на спотот, а на една од снимките се гледа како двајцата танцуваат во ритамот на новата песна.

Снимката се проширила на социјалните мрежи, а многумина го критикувале танцот на Лара, кратко откако ја исмејувале и поради нејзиното пеење. „Не мислев дека може да има нешто полошо од пеењето на Лара Трамп… но се излажав“, напишал еден корисник на Икс.


„Навистина не разбирам зошто не ѝ е непријатно“, „Никогаш не сум се молел очајнички нешто да биде вештачка интелигенција, ама еве нè …“, „Нула самосвест! Ова е толку непријатно!“, „Музика што никој не ја побара“, „Не знае да танцува и не знае да пее. Жалосно“, „Воопшто нема талент. И непријатно е да се гледа“, беа само дел од коментарите.

Инаку Лара Трамп, сопругата на Ерик Трамп, и претходно се соочувала со критики. Пред три години ја објавила обработката на песната „I Won’t Back Down“ од Том Пети, која, покрај незадоволните корисници на социјалните мрежи, ја коментирал и Колин Џост во емисијата „Saturday Night Live“. „Кога го слушна ова, Том Пети повторно умре. Не можам да верувам дека ова го кажувам на член од семејството Трамп, но можеби држете се до политиката“, изјавил тој.

Во февруари минатата година таа го објавила и синглот „No Days Off“ во соработка со раперот Френч Монтана, а истиот предизвикал поделени реакции. Додека од поддржувачите на Доналд Трамп добила позитивни коментари, на други песната воопшто не им се допаднала. „Пеењето на Лара Трамп треба да биде илегално. Ова е злосторство против човештвото“, „Не мора ни да го слушнам ова за да знам дека е ужасно“, „Ова е најлошата работа што некогаш сум ја слушнала“, беа само дел од коментарите.

И покрај сите негативни коментари, Лара го најавила излегувањето на албумот „Just Lara“, на кој, покрај Френч Монтана, гостуваат и Реј Џеј, Ванила Ајс и други.