[ФОТО] Град кој се фали дека ги има сите 4 годишни времиња и најчист воздух, а воедно е престолнина на безжичната технологија

Точка

15/01/2026

20:10

991

Големина на фонт

а а а

Оулу финскиот град кој покрај Тренчин во Словачка е избран за Европска престолнина на културата за 2026 година е крајбрежно место на северот од Финска, оддалечен нешто повеќе од 160 километри од Арктичкиот круг.

Оваа година ќе биде домаќин на повеќе од 3.000 настани, од уметнички изложби до фестивали на храна, нудејќи силно доживување на „северниот дух и северната креативност што не може да се искуси на некое друго место во светот“, истакнал Сами Форсблом, директорot на програмата „Оулу 2026“.

Проектот Европска престолнина на културата трае од 1985 година и секоја година става во фокус два града во рамки на Европската унија. На почетокот титулата била доделувана на веќе афирмирани културни центри како Атина, Амстердам и Фиренца, но во текот на последните години се користи за свртување внимание кон помалку познатите делови од континентот. Оулу е избран за 2026 година, заедно со словачкиот Тренчин.


„Ова го сметавме за добра можност бидејќи живееме во најсеверниот дел од Европа, што е и сила и слабост. Младите луѓе растат и студираат тука, но потоа сфаќаат какви можности се достапни во поголемите градови, во главниот град или на европско ниво. Затоа сакавме да го развиеме нашиот регион за идните генерации преку културни активности“, изјавил Форсблом.

Како што истакнал, Оулу има многу предности. Неодамна беше утврдено дека има најчист воздух од сите европски градови и дека „сè уште има четири годишни времиња“. Зимата е темна и студена, како што може да се очекува на далечниот север, а замрзнатото море станува место за фестивал на електронска музика (Frozen People, 28 февруари 2026 година).


Во текот на летото, температурите не се многу високи и понекогаш надминуваат 20 степени Целзиусови.

„На многу начини Оулу е Финска во мало. Имаме море, но и арктичка природа, планини и езера. Тоа е комбинација од акрктички и урбан град, што го прави интересен“, рекол програмскиот директор.

Иако Оулу не е на традиционалната територија на народот Сами – единствената призната автохтона група во ЕУ, многумина од нив живеат во градот. Тоа ќе може да се почувствува и преку овогодишната програма, вклучувајќи изложба на уметноста на народот Сами (Лапонци) во музејот на уметност во Олулу (16 јануари – 3 мај 2026), како и премиера на новата опера во продукција на Националниот самиски театар „Beaivváš“.


Покрај градот Оулу, настаните ќе се одржуваат и во 39 соседни општини, а еден од најголемите проекти ќе биде тура долга околу 200 километри.

Климатскиот часовник ќе претстава патека од седум нови уметнички дела. Нив ги изработиле меѓународно признати уметници кои соработувале со научници за да го разберат природното окружување и преку уметност да го прикажат нашиот променлив однос кон природата.


На пример, уметникот од Оулу, Анти Лаитинен, направил кружни отвори на гранките од дрвјата, инспириран од кружниот симбол што ја означува нашата локација на мапата, додека данскиот колектив „SUPERFLEX“ дизајнирал скулптура што го „чита“ финскиот превод на „Одисеја“ од Хомер со брзина од еден збор на час. Други ангажирани уметници се Ранти Бам, Рана Бегум, Такахиро Ивасаки, Габриел Кури, Телерво Калајнен и Оливер Кохта-Калајнен.

Во самиот центар на градот уметноста ќе се појавува на невообичаени места. Градскиот собрание на Оулу ќе биде домаќин на имерзивната инсталација „Слоеви во машина на мирот“ на колективот „Ekho“. Фотографската, меѓународна мрежа на музеи за фотографија ќе одржи изложба во трговскиот центар Пекури. Данскиот уметник Јакоб Кудск Стинсен ќе преземе дел од централната подземна гаража во Оулу и ќе ја трансформира во симулиран визуелен свет кој се потпира на неколку субарктички екосистеми што полека исчезнуваат.

Работата на Стинсен се поврзува со една од главните теми на годината – спојување на уметноста и технологијата. Универзитетот во Оулу е високо ценет поради своите ИТ програми, додека Нокиа е еден од значајните локални работодавци; со активностите во рамки на Европската престолнина на културата, Оулу ќе се потпре токму на тие предности.


Во другите делови од градот се обновува ретката индустриска зграда на еден од најголемите фински архитекти, Алвар Алто. Некогашниот силос го купила мадридската Фондација „Factum“ која го трансформирала во центар за уметници од сите краишта на светот.

„Се наоѓа насреде предградие со многу социјални предизвици, па ќе има важна улога во работата со локалната заедница. Ова го гледам како нешто што ќе стане голем дел од нашето наследство откако ќе заврши програмата“, истакнал Форблом.

Планирани се уште стотина настани, а голем дел од нив ќе бидат бесплатни. „Во светот во кој веќе сите ги посетиле местата како Париз, Лондон и Њујорк, ова е нешто сосема поинакво. Посетата на северните делови од Европа нуди сосема поинаква перспектива на многу нешта“, заклучи Финецот.


Народот Сами живеел таму уште во 17 век, а Оулу потоа станал трговски центар за катран, лосос и Нокиа телефони. Денес претставува европски дигитален центар и „жива лабораторија“ во која иновациите секојдневно се тестираат во природно окружување.

Занимливости за градот Оулу

Жителите на Оулу се многу креативни, на свој начин. Освен што безжичната технологија го освои светот, жителите започнале и натпреварување во свирење воздушна гитара (Air Guitar), како и машки хор кој не пее туку вика.

Аеродромот во Оулу е еден од најпрометните во Финска.

Локалците сакаат да возат велосипед, без оглед на годишните времиња. Всушност, Оулу ја носи титулата зимска велосипедска престолнина.




Има повеќе од 1.000 километри велосипедски патеки во рамки на градот и околу него.

Кога сте во Оулу, ветерот секогаш ќе ви дува в лице, каде и да одите. Сепак, тоа помогнало на ова подрачје да се изградат силни ветропаркови.

Оулу се смета за дом на безжичната технологија, таму живее 5G технологијата, а 6G се развива. Компанијата Нокиа важи за најголем работодавач во регионот.