[ВИДЕО/ФОТО] Златната олимпијка Ајлин Гу изгледа како од бајка: Во раскошна тоалета заблеска на Модната недела во Париз

Точка

04/03/2026

17:19

433

Големина на фонт

а а а

Ајлин Гу, спортистка која на овогодишните Олимписки игри во Кортина и Милано ја претставуваше Кина во скијање во слободен стил, заблеска во бајковита тоалета на Модната недела во Париз.

За оваа пригода таа носеше креација од „Iris van Herpen“ со детаљ што потсетува на крилја. Навитканата фризура, едноставната шминка и дискретниот накит се покажаа како совршен избор за споменатата модна ревија. Ајлин позираше пред Лувр, а комплиментите под нејзините фотографии се нижат.


„Кога елеганцијата се среќава со романтиката, а силата се поврзува со нежноста“, „Изгледа како штотуку да излегла од бајка“, „Доказ дека не мора да изгледате вулгарно за да привлечете внимание“, се дел од коментарите.

На својот Инстаграм профил објави низа фотографии со опис: „Претпоставувам дека животот ја имитира уметноста“. Претходно навела дека се занимава со манекенство уште од тинејџерските денови.


„Ја сакам модата. Работам во оваа индустрија откако имав 14 години и тоа го спојувам со скијањето, бидејќи за мене и спортот и модата се подеднакво експресивни, особено како што станував сè поженствена“, изјави за „Olympics.com“.

Ајлин е родена во Калифорнија и доби бројни критики поради тоа што не ги претставуваше Соединетите Американски Држави на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, туку ја претставуваше Кина. Освои злато во финалето во хафпајп и сребрени медали во дисциплините биг ер и слоупстајл.