Многу луѓе се прашуваат како луѓето ги преживуваат овие нехумани услови. Дел од одговорите ги дала Марија Солко, жителка на Јакутија.
Во сибирскиот град живата паѓа во „амбис“, до -71 °C! Покрај тоа, просечната температура во јануари е околу -50 степени.
Многумина се прашуваат како луѓето ги преживуваат овие нехумани услови. Дел од одговорите ги дала Марија Солко, жителка на Јакутија. Таа ги споделила своите коментари со светот во видео. Таа дала и одговори како изгледаат куќите на екстремен студ, како преживуваат, но и како се греат.
Земјата е поладна од воздухот
Најголем дел од жителите се греат како во Скопје - на парно. Сепак, иако не е логично, цевките за топла вода не се под земја поради замрзнатата земја, туку над земја! Тоа е преседан во однос на остатокот од светот. Главниот проблем со овој систем е што станарите не можат да ја регулираат температурата, станот може да биде или премногу ладен или премногу топол.
Од друга страна, оние кои имаат индивидуално греење на гас можат сами да ја приспособат температурата во домот. Големата разлика во цените ја открила и Марија. Додека во декември платила само осум долари за греење, нејзините роднини во зграда со централно греење добиле сметка од дури 130 долари.

За да се задржи топлината внатре, зградите често имаат три влезни врати, а речиси сите куќи се направени од дрво, бидејќи таквиот материјал најдобро се приспособува на екстремни услови. Мовот се користи како природна изолација, која ги исполнува просторите помеѓу гредите.
Без одмрзнување
Јакутск се наоѓа на околу 450 километри јужно од Арктичкиот круг, а она што го прави посебен е фактот што земјата никогаш не се одмрзнува, дури ни во лето. Иако температурите можат да надминат 30 степени во текот на летото, земјата останува трајно замрзната.
Градот има околу 355.500 жители, а народот главно се занимава со сточарство и риболов. Жителите велат дека тешко го чувствуваат студот, бидејќи телото и мозокот со текот на времето се навикнуваат на екстремни услови.

Во најстуденото населено место на светот, Ојмјакон, нема канализација бидејќи цевките замрзнуваат. Тоалетите се претежно надвор од куќите, мобилните телефони замрзнуваат, а автомобилите не се исклучуваат преку ноќ во зима, бидејќи наутро не би можеле да ги запалат.










