[ФОТО/ВИДЕО] Шокантна исповед на познатата манекенка, објави потреснa снимка од болница: „Вродена маана ми ги уништува белите дробови“

Точка

22/12/2025

15:31

563

Големина на фонт

а а а

Манекенката од Судан, Анок Јаи, откри дека ѝ е дијагностициран вроден дефект на белите дробови, кој постепено ја оштетува нејзината респираторна функција и го оптоварува срцето, пишува „Пипл“.

„Во последната година водам тивка битка“, напиша таа покрај снимки од болница. Болеста до неодамна била главно асимптоматска и била откриена поради долготрајно кашлање.

„Кашлањето премина во болки во градите, напади на кашлање со крв и понекогаш отежнато дишење. Одлучив да се справам со тоа додека барав вистински лекар и вистинско време. Брзо сфатив дека никогаш нема да има ‘вистинско време’. Моето здравје ќе продолжи да се влошува“, напишала Анок.

Таа објаснила дека првично мислела дека може да го игнорира проблемот, но сфатила дека мора да преземе конкретни чекори. Подложена е на роботска операција на белите дробови, благодарение на тимот на докторите Роберт Церфоли и Хармик Сукиасиан, по што започнал процес на закрепнување.


Роботската торакална хирургија е минимално инвазивна процедура која се користи и во некои случаи на рак на белите дробови.

Посебна благодарност упатила на семејството и пријателите кои беа покрај неа кога се разбуди по операцијата.

„Засега – се лекувам“, заклучила манекенката оптимистично, со желба што побрзо да се врати на писта.

Анок се смета за едно од најпрепознатливите имиња на современата модна сцена, а нејзиното искрено признание предизвикало силни реакции и поддршка од јавноста низ целиот свет.

Анок Јаи неодамна беше прогласена за манекенка на годината од Британскиот моден совет, а наградата ѝ беше доделена на почетокот на овој месец за време на Модните награди 2025 во лондонскиот Ројал Алберт Хол.