Британскиот актер Идрис Елба повторно ги разгоре шпекулациите околу тоа дали би можел да стане новиот Џејмс Бонд. На „TikTok“ објави духовито видео од музејот „Мадам Тисо“, каде што позира покрај восочните фигури на сите досегашни тајни агенти. Камерата се движи по редицата фигури, а на крајот се појавува самиот Елба, со култната музика во позадина, што предизвика бројни реакции кај фановите.
Фановите коментираа дека Елба би бил совршен наследник на Даниел Крег, истакнувајќи дека би сакале да го видат првиот црн Џејмс Бонд.
„Би бил неверојатен Бонд“, „Возбуден сум“ и „Сè што сакам за Божиќ е Идрис Елба како Бонд и Дев Пател како Q“ се само дел од коментарите.
Сепак, сè изгледа како шега. Актерот во описот на видеото напиша: „Жената ме натера да го направам ова“, со што навести дека не станува збор за официјална најава. Дополнителна доза сомнеж носи и фактот што Елба неодамна најави планови за повлекување од глумата.
James Bond in our hearts.😂 Idris Elba knew what he was doing posting this video. (🎥: TikTok) pic.twitter.com/BSqeRwOCzo
— E! News (@enews) December 22, 2025
Потрагата по нов Бонд и натаму трае, а во игра се помлади актери како Арон Тејлор-Џонсон, Џош О’Конор и Реже-Жан Пејџ.
На листата на желби се наоѓаат и Џејкоб Елорд, Том Холанд и Харис Дикинсон, додека како изненадување се споменува и британскиот актер Скот Роуз-Марш.
Режисерот на следниот филм, Дени Вилнев, најави дека бара „свежо лице“, што значи дека улогата може да ја добие и целосно неочекуван кандидат.







