Познатата српска пејачка Сара Јо, викендов настапи во Скопје, но наместо музичко шоу и спектакл, публиката која беше присутна таму беше сведок на емоции кои долго ќе се паметат.
Добро познато беше дека Сара и Панчо којшто почина како последица на стравотниот пожар којшто се случи во Кочани, а во кој изгубивме многу млади животи, беа долгогодишни соработници, но и пријатели.
Сара во еден момент најави дека ќе отпее песна во чест на својот близок пријател Панчо, а станувало збор за песната „Ако утре ме нема“ која има една поинаква тежина откако Андреј и Панчо од ДНК заминаа во вечноста.
Пред да почне да ја пее песната, Сара со тивок глас се обратила на публиката, испраќајќи порака дека верува дека Панчо гледа и дека секогаш ќе остане во нејзиното срце. Во просторот веднаш завладеала тишина која говори и повеќе од илјадници зборови, а емоциите биле присутни насекаде.

Сара Јо откако почнала да ја пее песната едноставно се скршила, нејзиното пеење се претвори во солзи, гласот во трепет не успевајќи да ја доврши песната.
Публиката ја поддржа со тивка емпатија, сведочејќи на момент на искрена човечка болка и љубов.






