[ВИДЕО] Возрасната дискриминација во 20-тите години е нов феномен на генерацијата Z: За што станува збор?

Точка

15/12/2025

15:21

726

Големина на фонт

а а а

Сочувањето со фактот дека старееме за многумина не е лесно. Мислата за губење на младоста често е застрашувачка, особено за младите жени од генерацијата Z кои пораснале под постојан притисок од строгите стандарди на убавина – оние кои ги наметнуваат социјалните мрежи, естетската индустрија и сè поприсутната вештачка интелигенција.

Новите интернет трендови покажаа колку опсесијата со вечната младост станала мерило не само за физичката привлечност, туку и за општествената вредност.

Младите девојки се цел на „злобни“ коментари

Во еден од популарните трендови, жените објавуваат видеа од своите лица со описи како: „Ова е кожа на 27-годишничка“. Потоа следи лавина од коментари во кои се анализира нивниот изглед – од процени дали лицето е „прифатливо“ мазно до злобни заклучоци дека прерано остареле.


Друг тренд прикажува триесетгодишни жени кои се обидуваат да ги убедат помладите следбеници дека 30-тиот роденден не е „крај на животот“, но често се соочуваат со неверување. Пораката е јасна: стареењето, дури и оној дел кој е далеку од старост во класичниот смисол, се смета за непожелно. Сепак, прашањето е дали станува збор за специфичен облик на старосна дискриминација која го засега токму генерацијата Z.

Дискусијата дополнително се разгорела кога 27-годишната Реми Отулана на ТикТок објавила видео во кое прашала: „Дами во доцните дваесетти, дали почнавте да чувствувате старосна дискриминација?“


Друг тренд прикажува триесетгодишни жени кои се обидуваат да ги убедат помладите следбенички дека 30-тиот роденден не е „крај на животот“, но често се соочуваат со неверување. Пораката е јасна: стареењето, дури и оној дел кој е далеку од старост во класичниот смисол, се смета за непожелно. Сепак, прашањето е дали станува збор за специфичен облик на старосна дискриминација која ја погодува токму генерацијата Z.

Дискусијата дополнително се разгорела кога 27-годишната Реми Отулана на ТикТок објавила видео во кое прашала: „Дами во доцните дваесетти, дали почнавте да чувствувате старосна дискриминација?“

„Токму пред три месеци наполнив 27 години, а количината на старосна дискриминација која ја доживеав е неверојатна“, рекла. „Луѓето ми велат дека изгледам младо за 27 години, но како всушност треба да изгледа 27-годишна? Дали веќе треба да имам брчки?“

Отулана, која живее во Тексас, за „Newsweek“ објаснила дека видеото е поттикнато од коментарите што ги слушала и надвор од интернетот. „Луѓето ми велеле ‚ти практично си триесетгодишна‘ или ‚изгледаш добро за твојата возраст‘“, рекла. „Бев изненадена колку таквите забелешки станаа нормални.“


„Сметам дека генерацијата Z е исклучително оптоварена со стареењето, а социјалните мрежи многу придонесуваат за тоа“, додала. „Сè повеќе се зборува за превенција од стареење – од ‚превентивен‘ ботокс до ригорозни рутини за исхрана и нега. Гледачите чувствуваат дека и тие самите треба да ги следат таквите примери. Во култура каде интернет-перцепцијата е пресудна, младоста стана златен стандард. Дојдовме до точка каде некои 18-годишници мислат дека 22 веќе е ‚старо‘. Тоа не е нормално.“

Апсурд на старосната дискриминација

Апсурдот на оваа појава на комичен начин го обработила и Саида Бело-Осагие, 29-годишна креаторка од Њујорк. Нејзиното видео, кое собра повеќе од 230.000 лајкови, го исмева шокот што го доживуваат одредени дваесетгодишници кога ќе сфатат дека некој во доцните дваесетти години сè уште живее и функционира нормално.

„‚Што? Мислев дека имаш 26… Изгледаш навистина добро за твојата возраст‘“, изговара Бело-Осагие во видеото, имитирајќи такви реакции.


„Говорам за апсурдот на старосната дискриминација во дваесеттите години, конкретно за моментот кога на 23-годишник му реков дека имам 28 години“, раскажала таа за „Newsweek“. „Беше искрено згрозен. Навистина го интересираше како е можно да имам 28 години, а моите коски сè уште функционираат.“

Во меѓувреме, на интернет се проширила и фразата „стареење како млеко“, со која припадниците на генерацијата Z и миленијалците го опишуваат впечатокот дека првата генерација старее побрзо од втората. Но, разговорот за годините и изгледот одамна прерасна во неколку вирусни видеа – станa посебен интернет-жанр.

„Ова е вистинската кожа на 25-годишничка“

Едно вирално видео прикажува 23-годишничка која раскажува како 19-годишник ѝ рекол дека „изгледа добро за својата возраст“. Иако сè е претставено со хумор, горчината е тешко сокриена.


Слична реакција предизвикало и видеото на корисничката @elizabethkayeturner, која на ТикТок објавила крупен план на лицето без шминка со пораката: „Ова е вистинската кожа на 25-годишничка.“ Целта ѝ била да се детигматизира природната текстура на кожата и несовршеностите што доаѓаат со годините, но објавата наскоро отворила простор за низа неповикани и често злобни коментари.


„Пробај корејска нега за кожа, имам 25, но сите мислат дека имам 19“, напишал еден корисник. Друг ја критикувал поради, како што навела, лоша генетика, додека третиот цинично додал: „Заврши ја реченицата: ‘Кожа на 25-годишни белци’“. И покрај негативниот тон на дискусијата, се појавиле и гласови на поддршка. „Таа само покажува како кожата навистина изгледа на 25 години, а одеднаш сите станаа дерматолошки експерти“, коментира еден гледач.

Што велат психологозите?

Иако многу објави имале цел да ја промовираат автентичноста, тие несвесно ја откриле сложената врска на генерацијата Z со стареењето. Американското здружение на пластични хирурзи објави податоци според кои бројот на ботокс третмани кај лица во дваесеттите години нагло расте. Психологот Саманта Вајтен за „Newsweek“ истакнала дека стравовите од стареење дополнително се засилени под влијание на социјалните мрежи.

„Луѓето отсекогаш се плашеле од стареење, но денес постојано се споредуваат со лица кои во реалноста не постојат“, изјавила. Социјалната коментаторка Џо Хејс додала: „Генерацијата Z толку многу се плаши од стареење поради глобалната опсесија со младоста. Никогаш порано просечното лице немало ваков пристап кон агресивни третмани против стареење.“


„Ако не се насмевнам, ќе заплачам“

И покрај сè, креаторки како Отулана и Бело-Осагие се надеваат дека ваквиот отпор барем ќе отвори простор во кој жените едноставно можат да постојат – без постојано оценување на изгледот денес или во иднина.

„Поголемиот дел од коментарите под моето видео беа од жени“, рекла Бело-Осагие. „На жените не им е дозволено нормално да стареат, а камоли достоинствено. Ни се кажува да раѓаме рано, да резервираме ботокс однапред и да се замрзнеме бидејќи времето неумоливо ни истекува.“

„Само сакам да укажам на малиот апсурд на секојдневието за да можеме барем заедно да се насмееме“, заклучила. „Бидејќи ако не се насмевнам – ќе заплачам.“