На ТикТок и Инстаграм деновиве кружи кратка снимка од границата на Црна Гора, на која црногорски граничен полицаец безгрижно си потпевнува додека ги проверува документите на патниците.
Снимката, долга петнаесетина секунди, е направена од автомобил паркиран пред кабината за гранична контрола, а додека полицаецот ги проверува документите, од кабината се слуша песната на Ана Николиќ „Terasa s pogledom na zid“, која тој ја следи пеејќи.
Покрај снимката има натпис на англиски јазик, кој во слободен превод би гласел: „Вака изгледа тоа на црногорската граница“.
Речиси сите коментари под снимката се позитивни. Многумина го фалат полицаецот затоа што е опуштен, а не строг и намуртен, какви што патниците обично среќаваат на граница.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
„Па, човекот си ја работи работата во добра атмосфера и со музика. Подобро и така отколку да е некој намќор“, напишала една корисничка на ТикТок.
Една корисничка напишала: „Каков цар, а не како некои што се намуртени кога ќе им го подадеш пасошот. Секоја чест за господинот“. Друг корисник додал: „Подобро ова отколку да ме убива со поглед кога ќе застанам пред него“.
Има и духовити коментари: „Дајте му пиво на човекот“, „Ова дефинитивно е најјаката снимка“ и „Браво, мајсторе. Колку убаво го испеа крајот“.
Еден корисник на шега се запрашал што го навело полицаецот да ја избере токму оваа песна: „Умирам од смеење, кој го повредил?“.








