Моментално настинките и гриповите ги има насекаде околу нас, а нив често ги следи и упорната кашлица.
Иако често посегнуваме по брзи и ефикасни препарати од аптека, за нашето здравје долгорочно некогаш може да има други подобри решенија кои може да ги најдеме во природата.
Сезоната на вируси и кашлица често нуди грижа кај родителите затоа што кашлицата може да биде упорна и непријатна и за децата.
Иако поголем дел од кашлицата не е сериозна, секако важно е да се најде ефикасно, но и безбедно решение кое ќе им помогне на децата полесно да дишат и побрзо да закрепнат.
Во овој период од годината, кога респираторните инфекции се почести, многу од родителите бараат природни алтернативи кои можат да помогнат во смирување на кашлицата, а истите да не се преполни со вештачки додатоци.
Педијатарот д-р Ниам Линч, на својот Инстаграм профил споделила рецепт за природен сируп за кашлица којшто станал популарен токму поради својата ефикасност и безбедност.
Овој сируп се прави од едноставни состојки кои се познати по своите лековити својства и кои можат да помогнат во смирување на кашлицата и олеснувањето на дишењето кај децата.
Д-р Линч нагласила дека сирупот е безбеден и ефикасен, но дека не се препорачува за деца помлади од една година затоа што содржи мед којшто може да претставува ризик.
Овој рецепт е едноставен за подготовка и одличен за родителите кои сакаат природен, делотворен начин којшто ќе му помогне на нивните деца во текот на упорната кашлица.
На децата сигурно ќе му се допадне вкусот, а вие ќе бидете сигурни дека им давате нешто здраво и безбедно.

Нејзиниот рецепт е многу едноставен
Потопете неколку каранфилчиња во зовриена вода и оставете да отстојат пет до десет минути.
Процедете го овој чај, додадете една до две лажички мед и добро помешајте. Оставете да се излади и дајте му на своето дете да го испие.
Докторката вели дека може по желба да додадете и малку цеден лимон или портокал, за дополнителен вкус или доза витамин Ц.
Д-р Линч препорачува и да се јавите на доктор доколку „симптомите се упорни“.








