Светски познатиот истражувач на долговечност Ден Бјутнер открил изненадувачки едноставна секојдневна исхрана која ја следи, а која дала неверојатни резултати.
Ден Бјутнер, кој се прославил со истражување на таканаречените „сини зони“ каде наводно живеат најдолговечните луѓе во светот, открил дека неговите лични здравствени тајни се сведуваат на прехранбени навики.
Споделувајќи ја неговата рутина со своите 795.000 следбеници на Инстаграм, 64-годишникот се пофалил дека лекарот му рекол дека е „најздравиот пациент“ кој некогаш го видел, а тој тоа го припишува на својата главно растителна исхрана. Додека инфлуенсерите промовираат протеински прашоци и скапи суплементи, Бјутнер смета дека клучот за долговечност започнува со нешто многу поскромно – чинија сардиниска минестроне, пишува „Daily Mail“.
„Секој ден го започнувам денот со сардиниска минестроне, што е зеленчукова супа со грав, која ја прелевам со малку маслиново масло и авокадо. Тоа ѝ дава издржливост“, објаснил тој, а неговите следбеници забележале дека се подготвува многу лесно.
За време на ручекот, Бјутнер се одлучува за кое било овошје.
„Обично си дозволувам да изедам колку овошје сакам и јадам храна која ми се допаѓа тој ден“, рекол тој.
Минестроне е едно од основните јадења на италијанската кујна уште од стариот Рим, традиционално се правел од кое било кој достапен зеленчук и често се крчкал со часови за да развие својот богат, солен вкус, пишува „Daily Mail“. Но, во планинскиот внатрешен дел на Сардинија, тоа е повеќе од евтин, топол оброк. Семејствата со векови јаделе варијации на оваа супа секој ден, комбинирајќи грав, зеленчук и житарици на начин кој современата нутриционистичка наука сега го препознава како рецепт за исклучително здравје.
Обемното истражување на Бјутнер за „сините зони“ открило дека исхраната богата со мешунки, зеленило и нерафинирани јаглехидрати е поврзана со намалување на хронични болести, помали воспаленија и значително подолг животен век. Тоа е дел од пошироката кулинарска традиција документирана во неговата книга, која ги комбинира научните извештаи со повеќе од 100 традиционални рецепти за долговечност.
Еден следбеник го пофалил неговиот освежувачки благиот пристап, нарекувајќи ја неговата филозофија одличен потсетник дека долговечноста не се гради на екстреми, туку на повторливи навики, вистинска храна и смислена врска.
На крајот, Бјутнер признал дека секој ден излегува на вечера, бидејќи верува дека поврзувањето со луѓето е подеднакво важно како и исхраната. „Јадам главно целосна, растителна храна, но исто така знам дека социјалната поврзаност е дел од тој сет фактори кои водат до 100 години“, заклучил.









