Ал Пачино се оженил? Актерот носи прстен на левата рака и не се труди да го скрие

Точка

15/12/2025

14:44

345

Големина на фонт

а а а

Холивудската легенда, Ал Пачино (85) не престанува да ја интригира јавноста. Последните извештаи на странските медиуми шпекулираат дека актерот тајно се оженил, откако бил забележан како носи прстен што потсетува на бурма.

Актерот носел прстен на левата рака додека разговарал на еден настан и додека позирал пред фотографите на 4-ти декември, што веднаш ги поттикна гласините дека актерот можеби во тајност застанал на „лудиот камен“. Меѓутоа гласините бргу биле демантирани – претставникот на Пачино потврдил дека актерот не е во брак, со што бил ставен крај на гласините.

Инаку актерот никогаш не се женел, и покрај тоа што имал долги и јавни врски. Последната романтична врска била со продуцентката Нур Алфалах (32) со која го добил синот Роман (2).


Во октомври 2024 година, Пачино за „Пипл“ изјавил дека моментално не е во врска но истакнал дека одржува блиско пријателство со мајката на неговото дете. Неговиот претставник потоа појаснил дека Пачино и Алфалах „се многу добри пријатели веќе со години, и заедно го одгледуваат синот Роман“.

Пачино е исто така татко на 24-годишните близнаци Антон и Оливија, кои ги добил со 74-годишната актерка Беверли Д’Анџело. Тие ги добиле близнаците во 2001 година, откако се запознале пет години претходно на лет од Лос Анџелес до Њујорк.


Д’Анџело претходно зборувала за тоа колку брзо се развила нивната врска. Таа рекла дека биле заедно уште кога слетал авионот и дека Пачино многу рано знаел дека сака деца со неа.

Во интервју за „Closer US“ во 2017 година, Д’Анџело се присетила на моментот кога Пачино отворено ѝ ги кажал своите намери:

„Откако се познававме три месеци, ме погледна во очи и ми рече: „Сакам да бидеш мајка на моите деца“. „Забременив на 48 години, родив шест недели откако наполнив 49, а на 51 година бев самохрана мајка.


Парот се развел во 2003 година, а потоа имале сериозна борба за старателство, но на крајот го решиле спорот и го обновиле пријателството.

Пред врската со Д’Анџело, од 1988 до 1990 година Пачино бил во врска со Џан Тарент. Со неа ја добил ќерката Џули Пачино, која сега има 36 години.

Во последниве години се шпекулираше дека Пачино жали што никогаш не се оженил со Дајан Китон, неговата долгогодишна партнерка и колешка. Китон, која почина во октомври на 79-годишна возраст, претходно признала дека ѝ се допаѓал Пачино и дека започнале романса во 1974 година.


На екранот толкувале пар – Кеј Адамс-Корлеоне и Мајкл Корлеоне, а во реалниот живот имале врска во неколку наврати во периодот од 1971 до 1987 година. Наводно, конечно раскинале во 1990 година бидејќи Пачино не сакал да се обврзе на брак.

Пријател на актерот изјавил за „MailOnline“ дека Пачино отсекогаш ја сметал Китон за љубовта на својот живот: „Гледајќи наназад Ал признава дека љубовта на неговиот живот била Дајан, која секогаш ја нарекувал „неверојатна жена“. Знам дека засекогаш ќе жали што не ја искористил можноста кога можел“.


Изворот додал дека Пачино верувал во втора шанса: „Години откако тој и Дајан се разделија, Ал велеше: „Ако е судено, никогаш не е доцна за нова шанса“. За жал сега е“.

Иако со години живееле на само неколку милји оддалеченост во Беверли Хилс, никогаш не се помириле. „Иако и двајцата живееја во Беверли Хилс, на само неколку милји оддалеченост, никогаш не се слушнаа. Еднаш го прашав зошто, а тој ми рече: „Нема потреба да разговараме. Сè што требаше да се каже, го кажавме тогаш“, раскажал изворот.