Рускиот опозициски активист Игор Рогов, уапсен во Полска, со години живеел во оваа земја како скромен, речиси незабележлив член на руската дијаспора таму. Тој бил познат како идеалист кој побегнал од режимот, но и како човек кој никогаш не успеал целосно да го пронајде своето место во егзил.
Неговот живот изгледал како типична приказна за руски опозициски активист во бегство – мали хонорари, привремени работни места, бескрајни разговори за политика и постојана несигурност за иднината.
Но, сè драматично се променило кога неговата сопруга Ирина, среде бурен развод, во низа пораки тврдела дека Игор всушност е доушник на ФСБ. Тие пораки, упатени до блиски пријатели и цимерот, биле почеток на виртуозен вртлог кој две години подоцна завршил со неговото апсење и сериозни обвиненија за шпионажа.
Испраќал запаливи пакети низ Европа?
Според полското обвинителство, Рогов бил поврзан со руската операција за испраќање запаливи пакети ширум Европа, дел од поширок хибриден притисок на Москва кој опфаќал логистички центри во земји членки на НАТО. Истрагата, како што се наведува, покажала дека пакет полн со експлозив, адресиран до Рогов, завршил во складиште во централна Полска.
Полските служби тврдат дека Рогов соработувал со ФСБ и дека бил една од кариките во мрежа чија цел била саботажа на клучна инфраструктура во ЕУ.
Пријателите останале изненадени. Рогов го паметат како збунет, дури наивен млад човек кој верувал дека со политички активизам може да ја менува Русија.
Тој бил дел од групата „Open Russia“, учествувал на протести, а за време на едно патување во 2020 година бил претепан и уапсен во Белорусија. Потоа, во 2022 година, дури се кандидирал за локалното собрание во Саранск, но добил занемарлив број гласови.
Многу подоцна, некои ќе забележат иронично дека таа кандидатура можеби била дел од „параван“, но повеќето сè уште тврдат дека Рогов едноставно бил човек кој верувал во малите политички битки.
Igor Rogov, one of the typical opposition members in peaceful protests, along with his wife turned out to be an FSB agent.
— Freya_Fae 💙💛 🤝 🤍💙🤍 (@_FreyaFae) November 17, 2025
Unfortunately, FSB agents and agents from other agencies infiltrate all kinds of political organizations - from harmless ones like anti-war emigrants to… pic.twitter.com/q2DtJ2kWrV
Сепак, гледано наназад, многу ситници одеднаш добиваат ново значење. Пријателите се сеќаваат дека знаел да се фали како „секогаш некако ќе излезе на крај“, иако тврдел дека нема пари.
Повремени ненадејни приливи на пари, чудни патувања и неговата потреба да го запознае баш секој руски емигрант натерале некои да се запрашаат. Неколкумина велат дека ги молел да му испратат мали суми пари од Русија за да „избегне проблеми со банките“. Денес тоа, со горчлив смев, го нарекуваат „плата од ФСБ на Игор“.
Сè се разјаснило во април 2023 година. За време на една од веќе вообичаените расправии, Ирина им испратила на пријателите долга порака во која тврди дека Игор уште за време на студиите бил врбуван од страна на ФСБ. Според нејзините зборови, целата неговата политичка активност била само маска.
Му пресудила расправијата со сопругата
Иако Ирина подоцна тврдела дека сè што рекла било „нелагодна шега во моменти на очај“ и дека во пораката претерала, штетата веќе била направена. Рогов им признал на пријателите дека „пред многу години, уште како студент“ имал контакт со ФСБ, но тврдел дека од тој живот одамна се откажал. Малкумина му поверувале.
Во следните месеци, Рогов станувал сè понервозен. Во пролетта 2024 година, полската полиција почнала да го бара, а тој во тој момент се наоѓал на одмор во Црна Гора.
Никој не знае зошто, но наместо да остане надвор од дофат на полските власти, се вратил во Варшава каде веднаш бил уапсен. Истражната постапка го поврзува со експлозивниот пакет, а неговата сопруга е обвинета дека му помогнала да испраќа информации на ФСБ.
Пријателите кои го штителе со години и денес се раздирани меѓу неверица и чувство на предавство. Еден од нив вели:
„Ако Игор цело време играл двојна игра, тогаш веќе не можеме да се потпреме на никому“.
Други, пак, сметаат дека можеби едноставно бил погрешна личност во погрешно време и дека Москва ја искористила неговата ранливост.
Од притворот испратил само кратко писмо до пријател: „Не разбирам што ми се случува. Само се надевам дека еден ден ќе излезам и ќе ја кажам својата вистина“.
Полското истражување сè уште трае, а случајот на Игор Рогов отвора болно прашање: колку руската опозиција во Европа е навистина автентична, а колку е компромитирана уште пред да стигне до границата на ЕУ.














