Манекенката Анжелика Тартанова (33) од Краснодар, Русија, е пронајдена претепана во болница, откако семејството го пријавило нејзиното исчезнување.
Лекарите ѝ ја отворале главата
Анжелика, која го обвинила својот поранешен партнер дека брутално ја претепал, била примена во болница со повеќекратни повреди, хематоми по целото тело и потрес на мозокот. Во болницата била подложена и на краниотомија (хируршка интервенција при која се отвораат делови од коските на главата).
Манекенката е во критична состојба и веќе две недели се наоѓа на одделот за интензивна нега.
„Свесна е, но не зборува“, изјавил извор за руските медиуми.
По нејзиното исчезнување, роднините се исплашиле дека можеби станала жртва на своето поранешно момче, Дмитриј (40), со кој раскинала неколку дена пред да исчезне. Дополнително ги загрижило тоа што тој веќе денови не одговарал на повици и пораки.
Не смеела да има контакт со семејството
По исчезнувањето, полицијата при претрес на нејзиниот стан пронашла полуспакувани куфери, како и нејзиниот пасош. Се покажало дека стравовите на роднините биле оправдани, бидејќи Анжелика собрала храброст да им признае на лекарите дека Дмитриј ја претепал во станот.
Нејзина пријателка претходно за медиумите открила дека и самата се сомневала дека за исчезнувањето е виновен поранешниот партнер. Таа изјавила дека Дмитриј ја разгалувал манекенката со скапи подароци, но барал да го слуша без приговор.
Не ѝ дозволувал никаков контакт со семејството.
Никој не знаел како изгледа Дмитриј
Никој од нејзиното семејство не знаел како изгледа Дмитриј, како се презива или со што се занимава.
Медиумите пренесуваат дека во првите два дена по нејзиното исчезнување, кога семејството веќе било во голема паника, некој ги читал нејзините пораки на телефонот, но не одговарал.
Телефонот, заедно со куферите, подоцна бил пронајден во станот на манекенката.
Анжелика од првиот брак има син (16) со кој неодамна повторно воспоставила контакт и почнала да му испраќа пари. По разводот тој останал да живее со таткото во Краснодар, додека Анжелика, поради работа, се преселила во Москва.















