Јакимовски постави рекорд за Тренто: Нема тука да застанеме…

Дерби

10/12/2025

11:01

117

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски го одигра најдобриот меч во дресот на Тренто и тоа против Бург во Еврокупот.

Нашиот кошаркар го предводеше Тренто до голем триумф во Франција од 91:73 и тоа со учинок од 30 поени, 7 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки за 32 минути на паркетот.

Тој воедно оствари индекс од 43 со што постави рекорд за италијанскиот клуб во Еврокупот надминувајќи го Гери Браун од сезоната 2020/21 (41 индексни поени).

- Среќен сум за тимот. Горд сум на тимот. Покажавме отпорност, покажавме неверојатен напор. Се вративме. Имавме ужасен почеток. Но, среќен сум за оваа победа. Нема да застанеме тука. Ќе продолжиме. Стануваме подобри. Ова е неверојатна победа, - порача популарниот Јаки по славјето над францускиот прволигаш за кого ова беше прв пораз на домашен терен.