Обезбедија билет за Лас Вегас: Познато е првото полуфинале во НБА Купот

Дерби

10/12/2025

10:57

96

Големина на фонт

а а а

НБА Купот влегува во самата завршница и веќе е формирано првото полуфинале или поточно се познати две од четирите екипи кои ќе патуваат во Лас Вегас.

Рано утрово на програмата беа две битки од Истокот, а на истите до победи дојдоа екипите на Орландо Меџик и Њујорк Никс.

Орландо славеше над ривалот од Флорида Мајами Хит со 117:108. „Жешките“ имаа одличен старт, првата четвртина ја добија со 30:17, но потоа застанаа и дозволија домаќините да диктираат темпо, да ги добијат преостанaтите три периоди и да запишат важен триумф.

Шестмина играчи беа двоцифрени, но се издвои Бејн кој „испука“ шест тројки од девет обиди и на крајот заврши со 37 поени. Кај поразените Пауел и Хиро искомбинираа 41 поен.

На второто соочување Никси беа подобри од рептилите од Торонто со 117:101. Брансон уште еднаш потврди дека е лидер на оваа екипа и со 35 кошеви, 3 скока и 4 асистенции беше нерешлива енегма за противникот.

Вториот полуфинале пар ќе биде формиран по пресметките Лос Анџелес Лејкерс-Сан Антонио Спарс и Оклахома Сити Тандер-Феникс Санс.