Кион изводи екипа што може да ги предизвика Арсенал и Сити во трката за пехарот во ПЛ

Дерби

09/12/2025

12:19

539

Големина на фонт

а а а

Арсенал и Манчестер Сити се двете екипи кои покажаа најмногу во 15. коло во Премиер лигата, меѓутоа ниту една од тие две екипи не се издвоија во однос на конкурентите што секако е најава за супер интересна сезона до самиот крај.

„Топчиите“ имаат 33, „граѓаните“ 31 бод по што интересно следува Астон Вила со 30 бода. Клубот од „Вила Парк“ имаше очаен старт на кампањата, неколку натпревари воопшто не можеше ниту да постигне гол, но откако се надминаа тие пречи тие фатија ритам и сега се пред екипи како Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед…

По последната победа над Арсенал (2-1) дел од јавноста почна да ја вметнува Астон Вила како кандидат за пехарот, тренерот Унаи Емери веднаш тоа го отфрли, но за Мартин Кион тоа е опција која е реална.

- Унаи Емери не сака да создава премногу притисок или привлечност околу својот тим. Ама работата што ја заврши таму е доста извонредна. Вила беше доста погодена од финансискиот фер-плеј и изгледаше дека работите стагнураат таму на почетокот на сезоната.

- Но, начинот на кој Емери продолжи со таа основна група играчи е доста извонреден. Вила Парк е тврдина во моментов и јас ја поздравувам работата што ја заврши Емери. Тој врши одлична работа. Мора да кажеме дека, да, Астон Вила е во трка за титулата. Мислам дека се и тоа е повеќе поврзано со нивниот менаџер отколку со било што друго. Емери ги претвори во предизвикувачи за титулата, - порача некогашниот англиски репрезентативец и легенда на Арсенал.