Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед во последните недели, вчера за време на дискусија на тркалезна маса во Белата куќа обвини две новинарки дека лошо си ја вршат работата, пишува HuffPost.
Нови напади во Белата куќа
Кога Рејчел Скот од ABC го праша дали е посветен на објавување на целиот материјал од нападот на 2 септември врз наводните бродови за дрога во Карибите, Трамп остро одговори. „Вие сте најнапорниот новинар на целото ова место“, рече Трамп. „Дозволете ми да ви кажам, вие сте исклучително напорна, ужасна – всушност ужасна новинарка, и секогаш е истото со вас“.
За потсетување, Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се соочуваат со критики поради гореспоменатиот напад, за кој некои критичари тврдат дека може да се класифицира како воено злосторство.
Новинарката го потсети дека претходно рекол дека „нема проблем“ со објавувањето на материјалот, но Трамп го негираше тоа.
„Тоа е она што вие го кажавте. Јас не го кажав тоа. Ова се типични лажни вести на ABC“, одговори претседателот.
Rachel Scott walked into the roundtable with a script, not a question. Trump shredded it in seconds. Clear answer. Clear authority. When she tried the same ambush twice, he ended it with a flame thrower.pic.twitter.com/o5WAc6752t
— MAG🔫1775🇺🇸 (@realMAG1775) December 8, 2025
Кога новинарот повторно се обиде да добие јасен одговор, Трамп рече дека ја остава одлуката на министерот за одбрана Пит Хегсет. „Што и да одлучи Хегсет, согласен сум со тоа“, рече тој.
Трамп, исто така, нападна друга новинарка која го праша за 20-те републиканци кои објавија дека нема да се кандидираат за реизбор, при што некои од нив изразија незадоволство од состојбата во партијата. „Колку демократи се откажуваат? Како тоа ги познавате само републиканците, а не и демократите?“, ја праша Трамп. Кога новинарката одговори дека се подготвила за прашања за републиканците, претседателот ја прекина. „Не, не сте подготвени, бидејќи треба да ги познавате демократите. Вие сте целосно неподготвени“, ѝ рече тој.
Овие испади дојдоа кратко откако тој ја нападна Кејтлан Колинс од Си-Ен-Ен на социјалната мрежа TruthSocial, нарекувајќи ја „глупава и злобна“ затоа што го прашала за растечките трошоци за неговата балска сала










