Фудбалерот кого Арсенал го платил 80 милиони евра се жени со поранешна порно-актерка

Точка

26/11/2025

13:46

1.393

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд го пречека Виљареал во рамки на Лигата на шампиони во вторникот, победувајќи со 4:0. Оваа сезона шпанскиот тим го предводи и крилниот напаѓач Николас Пепе (30), кој во последно време привлекува сè поголемо внимание, но надвор од терените.

Имено според порталот „Kuzey Ekspres“, Пепе наводно планира да ја запроси американската актерка од филмови за возрасни, Теана Трамп (30), чие вистинско име е Киана Ничел Џонс.


Таа веќе 11 години е дел од индустријата за возрасни, но сега повеќе се фокусира на креирање содржина за „OnlyFans“, а има импресивни 1.3 милиони следбеници на Инстаграм.


Доколку навистина се случи венчавката, тоа ќе биде втор брак за Пепе, кој во 2017 година се оженил со француската инфлуенсерка Фани Б и со која добил две деца.

Светските медиуми тврдат дека Пепе и Трамп се зближиле во летото 2024 година, по неговиот трансфер од Трабзонпор во Виљареал. Трамп повеќе пати била забележана на трибините, во ВИП ложата, па дури и во клупски дрес.


Исто така на нејзиниот приватен Снепчет профил, таа објавила фотографии со децата на Пепе, а присуствувала и на неговото официјално претставување во жолтиот дрес.


Што се однесува до фудбалот, Пепе ги започнал сите пет средби во дресот на Виљареал во рамки на Лигата на шампиони. Во ремито против Јувентус (2:2) впишал асистенција и ја освоил титулата играч на натпреварот, а Трамп веднаш гордо ја споделила фотографијата со трофејот на социјалните мрежи.


Инаку Пепе преминал од Лил во Арсенал за дури 80 милиони евра во 2019 година, но никогаш не ја достигнал формата од неговата брилијантна сезона во Франција, кога постигнал 22 голови со 11 асистенции, а во 2023 година настапувал за Трабзонспор пред да премине во Виљареал.