„Жолтиот ѕид“ на Борусија со жестока порака до шпанските фудбалски власти

Дерби

26/11/2025

14:28

350

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд му одржа фудбалска лекција на Вилјареал и победи на „Сигнал Идуна парк“ со 4:0, натпревар кој беше прилично едносмерен и без голема неизвесност.

Фудбалерите на Нико Ковач беа доволно мотивирани и авторитативно освоија нови три бода во Лигата на шампиони, но од друга страна, овој натпревар стана интересен за шпанските медиуми и поради пораката која ја испорачаа фановите на Борусија.

„Жолтиот ѕид“ испорача жестока порака до шпанските фудбалски власти, изразувајќи целосно негодување за обидот да се игра натпревар од Ла Лига во Мајами.

Вилјареал и Барселона требаше да одиграат првенствен натпревар во Мајами во месец декември, па иако оваа идеја пропадна поради сериозниот притисок кој го направија останатите клубови, фановите на Борусија решија да изберат страна и да распалат по Ла Лига и шпанската Федерација.

– Домот е онаму кадешто ви припаѓа срцето. Ние сме против сите натпревари во странство. Е.и се Ла Лига, е.и се РФЕФ (шпанска Федерација), – гласеше транспарентот на навивачите на Борусија.