Руни за играчот кој го стави Јамал „во џеб“: Одамна не сум видел вакво нешто

Дерби

26/11/2025

11:14

113

Големина на фонт

а а а

Челси фудбалски ја надигра Барселона на „Стемфорд Бриџ“ и слободно може да се каже и дека ја наттрча на секој дел од теренот, а во такви услови гостите од Каталонија едноставно немаа што да бараат во Лондон.

Со исклучок на колосалната шанса која не ја реализираше Феран Торес, сите други возбудувања се случија пред голот на Гарсија, па Челси на крајот погоди три пати на натпревар на кој дури шест пати ја тресеше мрежата на Гарсија.

Трите од шесте погодоци беа признати и впишани во судискиот бележник, па иако задолжени за голови беа Естевао и Делап (еден автогол си даде Кунде), на крајот признанието за играч на мечот го понесе Марк Кукурелја.

Левиот бек одигра докторски натпревар во одбрана и го „стави во џеб“ Ламин Јамал, но исто така беше и играчот кој го изнуди црвениот картон за Араухо.

Голем дел од јавноста останаа воодушевена од изданието на Шпанецот, но посебни комплименти испрати легендарниот Вејн Руни.

– Естевао очигледно му ја дал најдобрата подготовка на Кукурелја за тоа како треба да се справи со Ламин Јамал. Кукурелја беше едноставно неверојатен. Тоа беше најдоброто издание кое го имам видено од еден лев бек после долго време. Одамна не сум видел нешто слично. Овој натпревар ни е уште еден доказ дека Челси има сериозен дефанзивец во својот тим, – порача Руни.