Дончиќ понуди кошаркарско шоу во битката за Лос Анџелес и ги „изрешета“ Клиперси

Дерби

26/11/2025

10:56

78

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ изгледа несопирливо во последно време и тој е најзаслужен за серијата од пет победи која ја има Лос Анџелес Лејкерс, од едноставна причина што на дури четири меча имаше учинок од над 30 постигнати поени.

Словенецот понуди ново кошаркарско шоу во НБА и рано утрово, а овојпат имаше и добар повод за тоа, односно големата битка на Лос Анџелес.

Дончиќ го водеше својот Лејкерс до голема победа над Клиперс со резултат 135:118, а натпреварот го заврши со 43 поени, 9 скокови и 13 асистенции.

Маестро Лука го делеше само еден скок од трипл-дабл учинок кој навистина го заслужи, но и без него, Словенецот беше човек на одлука и играч број еден на паркетот.

Остин Ривс беше втор најдобар поединец на теренот со 31 поен зад своето име, додека од таборот на Клиперси најефикасен беше Џејмс Харден со 27 поени.

Резултати:

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 135:118

Филаделфија – Орландо 103:144

Вашингтон – Атланта 132:113