Бенфика ја оствари првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона, а тоа го направи на гостувањето во Амстердам, град кој му буди добри спомени на Жозе Мурињо.
Португалскиот стручњак по традиција остварува добри резултати кога игра против Ајакс, па така беше и вчера на натпреварот кој заврши со 0:2 за „лисабонските орли“.
Мурињо гостувањето на „Јохан Кројф“ ќе го памети по триумфот на неговиот тим, но и по срдечната средба која ја имаше со двајца поранешни фудбалери, а кои сега извршуваат коментаторски улоги за „Зиго Спорт“.
Весли Снајдер и Калид Буларуж го пречекаа Мурињо како домаќини, па Жозе беше посебно емотивен при средбата со Весли, на кого му подели и бакнежи.
– Снајдер ми ја донесе тројната круна, тој ми ја овозможи најдобрата година во мојата кариера. Го сакам и Калид, и тој беше многу ценет играч од моја страна.
– Дали бакнежот беше само за Весли? Бакнежот беше и за Калид, но дебелиот тип ми е посебно драг, – изјави Мурињо кој предизвика насмевка кај двајцата.







