Народен рецепт кој ќе направи кашлицата да ја снема за еден ден: Овој зеленчук прави чуда за грлото, а секој го има во домот

Точка

25/11/2025

15:43

505

Големина на фонт

а а а

Во ова време од годината, често се среќаваме со кашлица и болки во грлото, а кога кашлицата трае подолго од една недела, дефинитивно треба да се преземе нешто.

Постојат бројни народни лековити рецепти за многу заболувања, а има и два кои многу помагаат при кашлица.

Имено кромидот секогаш се препорачува кога имате проблеми со респираторниот тракт, вклучувајќи кашлица и настинки. Но, не само тоа – тој е одличен и за срцето, холестеролот, дијабетесот и артритисот.

Од друга страна постојат два народни рецепти за напитоци од кромид кои ја елиминираат кашлицата за само еден ден.


Прв рецепт со кромид против кашлица

Состојки:

Килограм кромид

3 литри вода


Постапка:

Излупете ги главиците кромид и исечете ги на четири дела. Ставете ги во тенџере со вода и оставете да зоврие. Оставете да крчка додека да испари половина од водата, потоа оставете да се олади и процедете. Пијте ја таа течност двапати на ден, чаша и пол. По желба, можете да додадете мед и/или лимон.

Друг рецепт со кромид против кашлица

Состојки:

2 јаболка со средна големина

2 кромиди со средна големина

14 ореви


Постапка:

Излупете го кромидот и добро измијте го, а потоа исечете го на четвртини. Јаболката без да ги лупите исечете ги на четвртини. Сè заедно со оревите истурете во тенџере во кое веќе вријат три литри вода. Варете додека количината на вода не се намали за половина и кога ќе се олади, пијте по една чаша три пати на ден.