[ВИДЕО] Јадење кое ги „освои“ ТикТок корисниците: Пригответе домашен донер во рерна

Точка

25/11/2025

16:00

177

Големина на фонт

а а а

Рецептот за донер приготвен во рерна, ги освојува корисниците на ТикТок, а оние што го испробале велат дека вреди да се проба.

Се прави од мелено месо кое се меша со зачини, а потоа се развлекува помеѓу два листа хартија за печење и се пече во рерна на 200 степени.

Состојки:

500 грама мелено говедско месо

еден голем кромид

4 чешниња лук

2 лажици маслиново масло

2 лажици цврст јогурт

лажица чадена и црвена пиперка

сол и бибер по вкус

мешавина од сушени зачини по вкус


Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте во компактна смеса. Поделете ја смесата на четири дела.

Ставете го секој дел помеѓу два листа хартија за печење и развлечете ги многу тенко. Потоа завиткајте го секој лист хартија за да направите ролна широка приближно два до три сантиметри.

Печете на 200 степени. По печењето, можете месото дополнително да го испржите во тава, а потоа послужете го како донер што го нарачувате во ресторани за брза храна – во лепче или тортиља со прилози по ваш избор.