Природен народен лек кој ги уништува бактериите и настинката, тврдат докторите: Фармацевтка открива како да го направите

Точка

24/11/2025

09:04

830

Големина на фонт

а а а

Во текот на есента и зимата амбулантите на семејните доктори се полни со пациенти кои се борат со потешки облици на настинка и грип. Некои од најчестите симптоми се затнат нос, воспалено грло и зголемена телесна температура.

За поединци да го зголемат имунитетот и веројатноста за настинка да ја сведат на минимум, фармацевтката Дебора Грејсон препорачува едноставна домашна мешавина со лимон и тимијан.


„Оваа мешавина ја препорачувам затоа што неверојатно помага при затнување на носот, болење на грлото и упорната кашлица“, наведува при што објаснува дека за истата се потребни неколку гранчиња свеж тимијан, половина лимон, малку корен од слез и вода.

Помага во борбата против бактериите и вирусите

Подготовката почнува така што 10-на гранчиња тимијан, две лажици корен од слез и половина лимон се варат 20-на минути во вода. Откако смесата ќе се излади и процеди, се додаваат околу 100 милилитри мед.

Таквата смеса може да стои херметички затворена во сад во фрижидер и до еден месец и е наменета за постари од 12 години, а се консумира по една мала лажичка најмалку 2 часа од консумирањето на другите лекови.

Грејсон објаснува дека тимијанот содржи тимол којшто делува антимикробно и противвоспалително.


„Помага во борбата против бактериите и вирусите, а воедно ја намалува отежнатоста на дишните патишта“, истакнува, при што додава и дека медот и лимонот се преполни со антиоксиданти и витамин Ц и дека дополнително го поттикнуваат имунитетот, додека пак коренот од слез „создава заштитен слој и го смирува грлото“.

„Медот е една од ретките состојки против кашлица за кој навистина постои доказ дека делува“, наведува Грејсон.

Освен медот и лимонот важно е и останатата исхрана да биде здрава и избалансирана при што важна улога имаат пилешката супа за која се наведува дека е богата со витамин Б6 и цинк.