[ВИДЕО] Како пресликани: Мис Чиле и Мис Словенија застанаа една покрај друга и ја шокираа планетата

Точка

22/11/2025

19:19

1.131

Големина на фонт

а а а

Изборот за Мис Универзум привлече многу повеќе внимание оваа година од вообичаеното, натпреварувањето конечно заврши, а освен новата победничка, добивме и неколку други вирални моменти.

Тајланд беше центар на убавината додека траеше изборот за Мис Универзум, а оваа година интересот за ова натпреварување беше поголем од вообичаеното, веројатно поради бројните контроверзии на светско ниво, но и скандалот со Мис Јелена Егорова, претставничката на Србија.

Конечно сè е завршено, титулата на новата Мис Универзум ѝ припадна на Мексиканката Фатима Бош, но покрај неа, има уште неколку девојки кои го привлекоа вниманието кон себе.

Заедничкото видео на претставничките на Чиле и Словенија стана вирално, а кога ќе го погледнете – ќе ви биде јасно зошто.


Мис Чиле, Марија Игнасија Мол, и нејзината колешка од Словенија, Хана Клаут, станаа главна тема на социјалните мрежи бидејќи толку личат една на друга што луѓето ги прогласија за „изгубени близначки“.


Видеото од насмеаните девојки кои пеат и танцуваат во сини бикини брзо ги хипнотизираше корисниците на социјалните мрежи, а уште позабавно е бидејќи двете се од сосема различни страни на светот.


Хана е стоматолог, но и успешна манекенка, додека Марија Игнација е поранешна детска манекенка и дигитална креаторка.


Иако изгледаат слично, не постигнаа сличен успех на самото натпреварување, па така Марија беше во топ 12, додека Хана не се пласираше дури ниту во топ 30.